Руското министерство за надворешни работи објави во средата дека го разменило Тревор Рид, поранешен американски маринец притворен во Русија за рускиот државјанин Константин Јарошенко кој во САД беше осуден на 20-годишна затворска казна.
Рид, кој е од американската сојузна држава Тексас, отслужуваше деветгодишна казна во Русија откако во 2019 година е осуден поради загрозување на животот на двајца полицајци во текот на пијанство во Москва, што тој го отфрли. Вашингтон тоа судење го прогласи како „театар на апсурдот“, како што Москва ги оценуваше американските судски процеси против руските државјани.
Размената на затворениците се добиваше во средата по долгиот преговарачки процес, објави на социјалните мрежи портпаролката на руското министерството за надворешни работи Марија Захарова.
Американскиот претседател Џо Бајден со писмена изјава го поздрави ослободувањето на Рид од затворот во Русија.
„Денеска нашите молитви се услишани и Тревор сигурно се враќа во САД“, соопшти неговото семејство, барајќи приватност поради здравствените проблеми на Рид поради наводните „грозни услови во рускиот гулаг“.
Родителите на Рид во март објавија дека тој нанводно штрајкува со глад откако бил ставен во самица, како и дека наводни не добил лекување и покрај стравувањето дека боледува од туберколоза, што Москва ги отфрли.
Јарошенко е руски пилот кој веќе одлежа 10 години во затвор во САД под обвинението дека подготвувал договор за испораки на големи количества наркотици на американска тероторија. Од Москва, исто така, порача дека е задоволна за размената на Јарошенко бидејќи минал десет години „во американски затвор каде што условите се страшни“ и оти ќе му биде прижена медицинска помош.