Исламистичкото движење Хамас соопшти дека биле истрелани 40 ракети кон Израел, а една од нив била во близина на Тел Авив, потошно во близина на меѓународниот аеродром Бен Гурион.
Военото крило на Хамас, бригадата Изадин ал Касам, презема одговорност за истрелувањето на ракетите.
Претходно во израелски возушен напад по прекинот на примирјето загинаа три лица, а над 40 беа повредени. Израелската армија ги повика Израелците кои живеат на растојание од 80 километри од границата со Појасот Газа да се засолнат од можни ракетни напади.