Американскиот пливач Хантер Армстронг на државните квалификации за светското првенство во Гринсборо постави нов светски фекорд на 50 метри грбно.
Новиот рекорд изнесува 23,71, односно девет стотинки подобро од досегашниот рекорд на Русинот Климент Колесников. Рускиот пливач рекордот го постави минатата 2021 година на Европското првенство во Будимпешта.
„Немам зборови. Тоа отсекогаш го посакував ис ега му се остварија сништата“, изјави по трката 21-годишниот Хантер Армстронг.
Армстронг воедно обезбеди место во американската репрезентација за Светското провенство коешто ќе се одржи од 18-ти јуни до 3-ти јули во унгарската престолнина Будимпешта.