Однесувањето на австриската влада во врска со војната во Украина во последните недели беше мета на многу Австријци, бидејќи едни сметаат дека се нарушува неутралноста, а други дека украинскиот народ не е доволно поддржан.
Само 40 отсто од Австријците оценуваат дека е во ред политиката на нивната влада во однос на војната во Украина, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од виенскиот неделник „Профил“.
Така, 23 отсто мислат дека Австрија премногу застанала на страната на Украина, а 17 отсто дека политиката на владата е премногу пријателска кон Русија.
Гласачите на владејачката Народна партија (ОВП) се најзадоволни од ставот на австриската влада во однос на конфликтот во Украина. Имено, дури 78 поддржувачи на ОВП ја поддржуваат владината политика.
На второ место не се најдоа гласачите на коалициониот партнер во владата, Зелените, туку поддржувачите на Неос (53 отсто).
Кога станува збор за Зелените, само 49 отсто ја поддржуваат владината политика, како и 41 отсто од приврзаниците на Социјалдемократската партија (СЈО).
Најголеми критичари на политиката на владата се од редовите на Партијата на слободата (ФПО), каде само 17 отсто ја поддржуваат политиката кон Украина, сметајќи дека Австрија ја нарушила неутралноста и застанала на една страна.