Реми на Реал и Атлетико, реваншот во петок

Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ремизираа 1:1 во првиот меч од шпанскиот Суперкуп одигран на „Сантијаго Бернабеу“.

Двата гола беа постигнати во завршните десет минути од натпреварот. Најнапред Хамес Родригез во 81-та минута со неговиот прв гол на првиот официјален меч им носи предност од 1:0 на „Кралевите“, а на две минути до крајот на мечот по корнерот на Коке, Раул Гарсија израмни на 1:1 и го постави конечниот резултат.

Финишот на мечот донесе најдобар фудбал, со неколку шанси и спорни моменти, а веќе за три дена не очекува нов спектакл, еден ден пред стартот на новата сезона во шпанската Примера.