Украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник, жестоко ја критикуваше во вторникот неподготвеноста на германскиот канцеларт Олаф Шолц да го посети Криев навредливо нарекувајќи го „навреден колбас“, пренесуваат во вторникот германските медиуми.
„Да се прави од себеси навреден колбас од црн дроб (буквално ‘лебервуртц’ – Leberwurst, традиционаленн германски колбас – з.р.), не звучи многу типично за државник“, рекол украинскиот дипломат во интервјуто објавено во вторникот за германската државна новинска агенција DPA.
„Зборуваме за најбруталната уништувачка војна од времето на нацистичкиот напад на Украина, ова не е детска градинка“, вели Мелник додавајќи дека украинскиот претседател Владимир Зеленски би бил среќен да му биде домаќин на германскиот канцелар Олаф Шолц во Киев.
Претходно во понеделникот канцеларот Шолц за телевизијата ZDF рече дека одлуката на украинските власти од април да го одбијат барањето за посета на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер бил „доста забележлив инцидент“ и дека „тоа претставува пречка на патот“ во врска со неговата хипотетичка посета на Киев во иднина. Шолц, исто така, посочи дека е неприфатливо Украина да не дозволи посета на претседателот на државата којашто ѝ дава толкава воена и економска помош.
Кон средината на април германскиот весник Bild објави дека украинскиот претседател Зеленски одбил да го прими германскиот колега Штајнмаер, кој тогаш имаше намера да отпатува во Киев заедно со колегите од Полска, Литванија, Летонија и Естонија. Во Киев сметале дека германскиот челник претходно бил „премногу мек“ во односот кон Русија и го сметале за непожелен „поради неговите блиски врски со Русија“.
Во Германија одлуката на Зеленски наиде на неразборање и беше остро критикувана од политичарите од сите партии. Така вицеканцеларот Роберт Хабек гестот на официјален Киев го нарече „дипломатска грешка“.
Украинскиот амбасадор во Берлин, ианку, од порано е познат по своите недипломатски испади. Постојано ултимативно и со навреди инсистираше Германија да му обезбеди офанзивно оружје на Киев, тврдеше дека Европската унија не продолжила со идејата за ембарго на руските енергенси и велеше дека сите Руси за него се непријатели. Германските медиуми честопати реагираа на изјавите на Мелник, обвинувајќи го за некомпетентост за дипломатската должнот.