
Полицијата откри специјално направени бункери со траги од дрога во возило од марката „бмв“ со албански таблички.
Бункерите биле откриени при вршење контрола на патниот правец Крива Паланка – Куманово, во близина на селото Страцин.
Возилото било управувано од страна на албански државјанин. Поради сомнителното однесување на возачот бил извршен и детален претрес. При прегледот е употребено и царинско куче. Притоа, во сите четири погонски бандажи се пронајдени специјално направени бункери во кои е пронајдена непозната прашкаста материја со кафеава боја и карактеристичен мирис со тежина од околу 2 грама. Било утврдено дека станува збор за кафеав хероин.
Против возачот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Истиот ден е донесена пресуда со која обвинетиот е прогласен за виновен и е казнет со условна казна затвор во траење од 6 месеци во рок од 2 години. Освен тоа, возилото е конфискувано, а обвинетиот е протеран од државата во времетраење од 2 години.