
Во вторникот година во 16.10 часот во ОВР Крива Паланка, од Здравствениот дом во градот било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Р.О. на 62 и М.О. на 66 години од Крива Паланка.
Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при експлозија на плинска боца во нивната семејна куќа во Крива Паланка.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Крива Паланка.