ОВЕН
Денска бидете трпеливи и доследни. Иако е неопходна целосна концентрација, ве обземаат замор и ненаспиеност. Доколку не се тргнете, ќе направите сериозни грешки поради коишто ќе трпите последици. Покрај тоа, бидете внимателни на улица и во сообраќајот.
БИК
Чувствувате дека ви надоаѓа наплив на енергија којашто ви недостасуваше. Паралелно пристигнуваат нови обврски кој може да ве загрижат. Опуштете се, иако пред вас е период на напорна работа, на крајот ве очекува паричен надомест кој ќе ве развесели.
БЛИЗНАЦИ
Ги пресметавте вашите материјални можности, можеби сте заборавиле на некоја сметка или ви се заканува парична казна. Ви претстои непријатно изненадување поради коешто ќе мора да издовите поголема сума пари за да ги решите новонастанатите проблеми.
РАК
Личност со којашто соработувате носи решение коешто ве збунува. Не сте сигурни што е вистинската причнина за тоа, па попусто трошите часови преиспетувајќи ја својата одговорност. Пред да се нурнете во морето од грижи, имајте предвид дека туѓите одлуки не се ваша одговорност.
ЛАВ
Вашата самоувереност им пречи на лицата коишто ве опкружуваат и кои веќе извесно време имаат трпение за вашите испади. Доколку не го коригирате однесувањето, можете да доживеете многу непријатна ситуација поради што ви се заканува и финансиска штета.
ДЕВИЦА
Исполнети сте со добро расположение, така што помалку ја губите реалната слика за можностите кои се пред вас. Големите планови може да бидат запрени неочекувано од неповолните одлуки на некои лица коишто вашето мислење го исклучуваат уште во самиот почеток.
ВАГА
Денеска сте благоглаголиви кон сите. Вашето добро распожоление, всушност, е маска за чувството на несигурност коешто ве обземало. Потсвестно посакувата со своите добробамерни коментари другите луѓе да ги мотивирате да ви возвратат идентично. Ќе се разочарате.
ШКОРПИЈА
Внимавајте на трошоците, неопходно е внимателно и темелно да ја распоредите секоја пара. Невработените треба да се обратат на своите пријатели за помош. Кон крајот на денот доаѓа олеснување и силна морална поддршка од страна на повозрасен член на семејството.
СТРЕЛЕЦ
Денеска реагирајте смирено, наклонети сте на непромислени постапки поради што ги комплицирате односите. Не наметнувајте го својот став, бодејќи вашите мислење нема да биде слушнато. Истовремено, не коментирајте ги луѓето кои не се присутби за да не се извинувате подоцна.
ЈАРЕЦ
Се враќате во форма. Работите кои од непознати цупкаа во место, денеска се активираат. Помалку сте збунети од расплетот, бидејќи по долгото чекање ги загубивте надежите. Овие денови повеќе ќе ги преиспитувате своите мотиви, повеќе отколку што нешто конкретно ќе правите.
ВОДОЛИЈА
Што и да започнете денеска ќе заврши со хаос. Стресен ден е пред вас, па најпаметно е да ги избегнете сите ситуации во коишто би го воделе главниот збор. Ако во изврѓувањето на својата работа користите автомобил, не тргнувајте никаде пред да го проверите.
РИБИ
Ви пречи тоа што своето опкружување го свикнавте вие да бидете иницијатор за сѐ. Расположението е такво што денеска би сакале повеќе одговорноста да падне на некој друг, а вие да се приклучите и да ја следите режијата којашто некој друг ја смислил.