ОВЕН
Работата на реорганизација и воведување нови методи на работа се доминантни теми на овој ден. Подгответе план до најмалите детали. Внимавајте на однесувањето на партнерот и преиспитајте колку време навистина му посветувате. Главоболка.
БИК
Нестабилната финансиска ситуација почна да ве загрижува. Сепак, наскоро ќе почне да се подобрува. Биковите чувствуваат длабока потреба за некаква промена во нивниот емотивен живот. Постои можност да стапите во тајна врска. Имате чувство на силен притисок во челото.
БЛИЗНАЦИ
Пократко службено патување ќе ви донесе нов круг на деловни соработници. Финансиската состојба е се подобра. Ќе се впуштите во љубовна авантура, базирана многу повеќе на страст отколку на чисти емоции. Проблеми со синусите.
РАК
Деловната соработка со пријателите ќе ви овозможи да ги отворите вашите најоригинални идеи. На тој начин ќе ја победите конкуренцијата. Вие сте на пресврт во љубовта: подготвени сте за решенија или-или. Прекин или формализирање на врска. Позитивни сте и одлично се чувствувате.
ЛАВ
Колегите ве препознаа како совршен лидер, па во текот на овој ден ќе донесете многу важни одлуки во име на сите. Слушајте ја вашата интуиција. Лавовите кои се незадоволни од својата врска може да бараат емоционално исполнување од страна со друга личност. Истегнување на зглобот.
ДЕВИЦА
Еден од вашите колеги гради ривалски односи со вас и можеби се обидува лукаво да ја поткопа вашата репутација. Бидете внимателни и никому не ги откривајте вашите деловни планови. Слободните Девици можат да се заљубат на прв поглед во една личност во знакот Рак или Риби. Намален имунитет.
ВАГА
Денеска може да се појават неочекувани препреки, а тие можат да бидат поврзани со проблематична комуникација со една личност на работа. Пазете се од манипулативни луѓе. Имате чувство дека некој постојано се меша во вашата врска со партнерот. Поставете се поинаку. Мигрена.
ШКОРПИЈА
Некои соработници можеби ќе ви направат проблем денес. Тоа може да биде недоразбирање или значителен пропуст направен во бизнисот. Овој ден ќе го одбележи искушението и дилемата дали да се зближите со личност која ја познавате преку работата. Болка во вратот.
СТРЕЛЕЦ
Некои од вашите пријатели многу ќе ви помогнат со дополнителни средства. Ова ќе ви овозможи дополнително да го развивате вашиот бизнис. Љубовта со личност која не живее во вашиот град не ви е лесна. Размислувате дали да ја продолжите врската под овие услови. Болки во зглобовите.
ЈАРЕЦ
Овој ден оживува некој стар проблем во вашата работна средина. Денеска може да биде проблематична комуникацијата со колегите и претпоставените. Подновувањето со личност од минатото ќе ви донесе целосно емотивно исполнување. Проблем со ‘рбетот.
ВОДОЛИЈА
Се обидувате да ја балансирате работата работејќи на две страни истовремено. И покрај тоа, успешно ќе завршите се на време. Овој ден носи посебно искушение во однос на преминување на границите на пријателството со една личност која ја познавате долго време. Слаба циркулација.
РИБИ
Деловен успех ги очекува оние Риби кои се занимаваат со трговија и финансии. Финансиската состојба е се подобра и подобра. Заедничкото патување ќе помогне да се стабилизира малку нарушената атмосфера меѓу вас и вашиот партнер. Здравјето е солидно.