
Северна Кореја веројатно тестирала проектил способен да понесе нуклеарна боева глава лансиран од подморница, објави јужнокорејската војска во саботата.
Северна Кореја истрела балистички проектил во саботата рано попладнето по локално време, крај Синпоа на источниот брег, објави здружениот штаб на јужнокорејската армија. Проектил летал кон отворено море.
Најверојатно станува збор за балистичката ракета со кус дострел лансиран од подморница (SLBM). Јужнокорејската војска е подготвена за можни натамошни лансирања на проектили од страна на соседната земја, се наведува во објавата.
Северна Кореја и покрај жестоките меѓународни санкции со години работи на развој на балистичките проектили. Вообичаено станува збор за проектили „земја-земја“ коишто зависно од дизајнот можата да носта една или повеќе нуклеарни боеви глави. Модерните SLBM, исто така, се дел од развојот на тој тип оружје.
Резолуциите на Обединетите нации му забрануваат на Пјонгјанг тестирање проектили со технологија на балистички ракети, како и спроведување нуклеарни тестови.
Северна Кореја од пред неколку месеци тврди дека целосно ја владее современата SLBM технологија. Но нејзините тврдења за претходните пробни лансирања од подморници западните стручњаци ги оспоруваат. Се сомневаат дека Пјонгјанг можеби за таа цел користи подводна платформа. Инаку, проектилите лансирани од подморници се потешки за откривање.
Од почетокот на годинава Северна Кореја изведе повеќе од десетина контроверзни тестирања на проектили, вклучително и најмалку едно тестирање на интерконтинентална балистичка ракете (ICBM), а како што тврдеше Пјонгјанг тестиран е и хиперсоничен проектил.
Неодамна Северна Кореја истрела балистички проектил во правец на Јужна Кореја и Јапонија кој заврши во морето. Досега не е идентификувано за кој тип ракета станува збор, но не е исклучено дека станува збор за тестирање интерконтинентален балистички проектил.