Леклер повторно најбрз на квалификациите во Мајами

Ferrari driver Carlos Sainz (L) of Spain, who finished second, is congratulated by teammate Ferrari driver Charles Leclerc of Monaco, who finished first, in the qualifying for the Formula One Grand Prix of Miami at the Miami International Autodrome in Miami Gardens, USA, 07 May 2022. EPA/BRENDAN SMIALOWSKI / POOL

Водечкиот пилот во Светското првенство во класата Формула 1, Шарл Леклер од тимот на Ферари, на саботните квалификаци ја освои најдобрата стартна позиција за трката за Големата награда на Мајами, петта трка сезонава која се вози во недела.

Леклер постави најдобро време во квалификациите, а околу 5,5 километри на патеката во Мајами ја мина за минута, 28 секунди и 796 илјадитинки.

За Леклер ова е третата победа во квалификациите сезонава, а има и две втори места.

Ферари ќе има два болида во првиот стартен ред, бидејќи Карлос Сајнц жуниор зад својот клупски колега заостана за 190 илјадитинки.

Само пет илјадитинки побавен круг од Шпанецот имаше актуелниот првак Холанѓанецот Макс Верстапен од тимот на Ред Бул, кои заедно со својот клупски колега Мексиканецот Серхио Перез ќе стартуваат од вториот ред.

Поранешните колеги од Мецредес ќе бидат во третиот ред, Финецот Валтери Ботас сега во тимот на Алфа Роемо за 150 илјадитинки го мина Британецот Луис Хамилтон од Мерцедес, чиј нов клупски колега и сонародник Џорџ Расел остана без настап во третиот дел од квалификациите па ќе стартува дури од шестиот ред.

Трката за Големата награда на Мајами ќе започне во 21,30 часот по средноевроспко време.

По првите четири трки сезонава водечкиот во генералниот пласман Шарл Леклер има 86 бодови, а второпалсираниот Макс Верстапен заостанува зад него за 27 бодови. Третиот Серхио Перез има заостанување од 32 бода зад Леклер.