Владата на Ковачевски не се справила со кризата – потребни се избори, смета мнозинството граѓани

Големо, речиси двојно поголемо мнозинство македонски граѓани сметаат дека актулната Влада предводена од СДСМ и ДУИ, на премиерот Димитар Ковечевски не успеала да ја надмите политичката криза во земјата, а во солидно мнозинство оценуваат дека поради сегашната владејачка гарнитура не треба да остане до крајот на мандатот.

Во истражувањето на јавното мнение спроведено од Институтот за политички истражувања Скопје (ИПСИ), од која резултатие се објавени во неделата, на испитаниците им било поставено прашањето „Дали со формирањето на новата Влада (со премиерот Димитар Ковачевски) се надмина политичката криза во Македонија?“.

Речиси половината од нив, или 47,4 отсто сметаат дека Владата не успеала да се справи со кризата, додека позитивно мислење имаат 27,9 проценти од граѓаните. Проближно ист, односно 24,7 е процентот на испитаниците кои немале став или не се изјасниле по ова прашање.

Високи 39,1 отсто од испитаниците, пак, поради тоа сметаат дека се потребни предвремени парламентарни избори во земјата. Наспроти нив, 32,5 отсто сметаат дека треба да остане актуелната власт, а на прашењето „Според вас дали Владата предводена од СДСМ треба да остане на власт до крајот на мандатот во 2024-та или се потребни предвемени парламентарни избори?“, без одговор биле 28,4 отсто од испитаниците.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања во моментот.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република
Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна
поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС