
Времето во понеделник ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен, а во југоисточните делови југоисточен ветер.
Во следните денови ќе преовладува сончево и сѐ потопло време. Во попладневните часови, особено во вторник, ќе има локално зголемување на облачноста со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Во петок и сабота ќе биде понестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.