Осум автобуси од Азовстал пристигнаа во Запорожје

Конвој автобуси со луѓе од југоисточна Украина, вклучително и околу 40 цивили кои се криеле во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, пристигна во Запорожје, град под контрола на Украина, соопштија Обединетите нации (ОН).

Координаторката на ОН за Украина Оснат Лубрани рече дека во градот пристигнале осум автобуси, пренесува РСЕ. Околу 40 од 174 лица кои пристигнаа во Запорожје од фабриката за челик Азовстал се спасени.

Лубрани рече дека во последните десет дена бројот на евакуирани од тоа подрачје е зголемен на повеќе од 600, но дека оваа важна работа се уште не е завршена.

Претходно, украинските власти соопштија дека сите жени, деца и постари лица биле евакуирани од фабриката за челик во Мариупол, која со недели беше под опсада од руските сили.