
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари-МАГО најави дека во рамките на настанот „Недела на женското здравје” што ќе се одржи на 11-ти мај (среда) од 11:00 до 12:00 часот во Младинскиот културен центар- Скопје, на повеќе актуелни теми од оваа област ќе дискутираат На овие и останатите актуелни теми ќе разговараат Проф. Д-р Горан Димитров, Проф. Д-р Ана Данева, Доц. Д-р Даниела Иванова Панова и Проф. Д-р Глигор Тофоски.
женско зрНа настанот ќе се претстават досегашните и идните активности и кампањи на МАГО кои заедно со повеќе релевантни институции и организации започнуваат процес на континуирана едукација за женското здравје и поттикнување на општествени промени во оваа област.
Целта и потребата од одбележување на оваа значајна недела е да ги срушиме стигмите и бариерите што девојчињата и жените ги имаат за своето репродуктивно и сексуално здравје, да ја подигнеме свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи во превенцијата на петте главни типови на гинеколошки карциноми, да го истакнеме значењето од континуираната едукација како и да обезбедиме поактивно учество на мажите во сексуалното и репродуктивно здравје.
Неколку факти кои произлегуваат од анкетите и истражувањата кои беа спроведени и анализирани од страна на Асоцијацијата на гинеколози и опстетричари:
– 30-40% од жените вклучително и од помладите возрасни категории не знаат кој е причинител на ракот на грлото на матката а по извршената анкета повеќе од 60% не одат на редовен гинеколошки преглед еднаш во годината, а повеќе од 40% во РСМ немаат избрано матичен гинеколог.
– 20% од учениците сметаат дека кондомот може да помогне само во спречување на бременост, а не спречува сексуално пренослива инфекција, а пак 20% од учениците сметаат дека контрацептивните таблетки ќе ги заштитат од сексуално преносливи инфекции
– Дел од трудниците воопшто не одат на антенатални-контролни прегледи во тек на бременоста, а голем дел не ги препознаваат навремено симптомите поврзани со развојот на компликации во бременоста, што доведува до сериозни загрозувачки состојби на плодот и мајката
Настанот се организира по повод светската недела на женското здравје ( 8-ми до 14-ти мај 2022) и е дел од кампањата на МАГО за обезбедување подобра институционална заштита на жените во текот на целиот животен век, како и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи и однесувања кои ќе допринесат за зачувување на здравјето на жената.