„Крајно е несоодветно и нездраво да се зборува за Бугaрија и да се поставуваат некои ултиматуми. Притисокот беше уште поголем минатата година. Јас издржав на тој притисок и преодната влада го издржа тој притисок два последователни совета за проширување. Така што може да се издржи на тој притисок кога се има јасни позиции кои го одразуваат не само бугарскиот интерес туку и вистината. Гледате ли такви дејствија од страна на Владата, вие велите ‘јас издржав’, тие ќе издржат ли? Останува да видиме“, рече Радев.
„И јас и преодната влада многу добро ги покажавме и објаснивме позициите на Бугарија, затоа мора да се прифатат. Се работи за човекови права, говор на омраза. Тоа се работи кои се неспоиви со европските принципи и вредности. Очекувам Владата да го реализира и брани бугарскиот интерес“, додаде Радев/
Бугарскиот премиер Кирил Петков овие два дена престојува во официјална посета на Вашингтон, но засега нема најави дали една од темите ќе биде и ветото на Бугарија. Последните пораки на Стејт департментот се дека е време Македонија и Албанија да ги стартуваат преговорите со ЕУ, но и дека САД води разговори на билатерална основа со Софија и Скопје за решение.
Во меѓувреме, бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по средбата соа встрискиот колега Шаленбеерг со истата порака дека од земјава очекуваат конкретни акции и гаранции за правата на Бугарите. Австрискиот минситер Шалеберг пак од своја страна пак истакнал дека Австрија очекува разликите да бидат надминати, а Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со Унијата во јуни. Пораките од Генчовска доаѓаат во исто време со работанта посета на бугарскиот премиер Петков на САД, но нема информации дали на тамошните средби ќе стане збор за бугарско-македонскиот спор.
А австрискиот министер за европски прашања Александр Шаленберг денеска од Бугарија порача треба да има политичка волја за компромисно решение. Шефицата на бугарската дипломатија Генчовска пак остана на својот став.
„Мојата позиција е многу јасна, јас сакам преговорите со Албанија и Северна Македонија да започнат во јуни“, изјави Шаленберг.
„Од Скопје очекуваме конкретни акции и гаранции за трајно и неповратно спроведување на Договорот од 2017 година. како и гарантирање на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска определб“, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.
Овој период македонската влада тврди дека е во дипломатска офанзива и разговори со европските лидери во надеж дека врата на ЕУ за Македонија нема да остане затворена и овој јуни. Сепак, шансите за датум засега остануваат мали.
Бугарските политичари го користат терминот притисок бидејќи на тој начин ја зајакнуваат нивната позиција пред бугарските граѓани доколку го одобрат почетокот на преговорите за Македонија – вели поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Според него, не станува збор за притисок во вистинска смисла на зборот, туку за охрабрување од САД и ЕУ за кревање на ветото. Филипов додава дека Вашингтон и Брисел во моментов имаат интерес за стабилност на европскиот континент, а иако Македонија има стратешко партнерство со САД, сепак тоа не треба да се гледа како замена за членство во Унијата.