
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс стасаа на чекор до пласман во финалето од доигрувањето во Запандата конференција на НБА лига, откако ноќта кон вторникот во четвртиот дуле до серијата до четири победи во вториот круг на својот паркет ги совладаа Мемефис Гризлис со 101:98 и така поведоа во 3-1.
Во Источната конференција, пак, Бостон Селтикс како гости ги надиграа бранителите на титулата Милвоки Бакс со 116:108 и така израмнија во победите на 2-2 и ја вратија предноста на домашниот терен на својата страна.
Во Сан Франциско гостите од Мемфис беа својот најдобар играч Џа Морент, кој не играше поради повреда на десното колено, водеа 47 минути, најголемата предност изнесуваше 12 разлика но домашните во завршницата, иако на клупата не беше нивниот главен тренер Стив Кер поради позитивен тест на Covid-19, успеаја да направат пресврт.
Вориорс до првото водство на мечот дојдоа на 45 секудни до истекот на времето кога Стеф Кари ги реализираше двете слободни фрлања за 94:93. Кари погоди уште четири слободни фрлања, а за гостите поентираше Дилон Брикс па Гризлис тргнаа во својот клучен напад 20 секунди пред крајот при резултат 98:95. Обидот на Џерен Џексон за „тројка“ го блокираше Дејмонд Грин, до топката повторно стаса Кари и погоди уште две слободни фрлања за недостижните 100:95 на 10 секудни пред крајот.
Кари ги предводеше Вориорс со 32 коша, Еднрју Вигинс додаде 17 поени со 10 скокови, додека најефикасни кај Гризлис беа Џексон со 21, Тај Џонс со 19 и Кајл Андерсон со 17 коша.
Вориорс стака првата од трите шанси за влез во финалето на Западот ќе ја имаат ноќта кон четвртокто, кога се игра петтиот натпревар во Мемфис.
Бостон до многу важната победа во Милвоки стаса предводен од ветеранот Ал Хорфорд кој за 25 дена ќе наполни 36 години. Хорфорд фантастично се борепе со најдобриот игра на Бакс, Јанис Адетокумбо, а покрај тоа постигна и дури 30 коша. Кличен беше период од 6 минути до 3,5 минути до крајот на мечот кога Селтикс направија серија 14:2 и заостанувањето од 92:94 го претворија во водство 106:96. Таа серија со шест поени ги започна Хорфорд, а ја продолжи Џејсон Тејтум постигнувајќи ги преостанатите осум поени.
И Тејтум, како и Хорфорд се запре на 30 коша, а покрај тоа имаше 13 скокови а вториот оствари 8, по 18 поени за победниците кои користеа само осум играчи додадоа Џејлен Браун и Маркус Смарт. Кај Бакс, кои играат без еден од своите клучни играчки Крис Мидлттон, Адетокумбо впиша 34 коша со 18 скокови, Џру Холидеј додаде 16 со 9 асистенции и 7 скокови, а Брук Лопез 17 поени.
Петтиот дуел на овие ривали ќе се игра ноќта кон четвртокот во Бостон.