Две новинарки убиени во мексиканската држава Веракруз

Две мексикански новинарки се убиени во понеделникот во мексиканската сојузна држава Веракруз на истокот на земјата, соопшти канцеларијата на државниот обвините, со што бројката убиени новинари во оваа земја се искачи на 11.

Јесенија Молинедо и Шејла Гарсија убиени се во општината Госолеакака, објави канцеларијата на Twitter. Локалните медиуми известија дека ги застрелал неидентификуван напаѓач, додека седела во автомобил.

Насилството над медиумските работници ќе порасне за време на администрацијата на претседателот Андрес Маниел Лопез Обрадор,, според извештајот на невладината организација Article 19, група која се зазема за слобода на изразувањето, објавено во април.

Двете новинарки се убиени четири дена, откако новинарот ветеран Луис Енрике Рамирез беше пронајден мртов крај автопат на северната држава Синалоа. Прд убиствто на Рамирез, оваа година во Мексико беа убиени осум новинари, според податоците коишто ги објави Article 19.