Нарачките на гасот преку транзитната точка во Украна паднаа на нула

Нарачките за 11-ти мај за транзит на рускиот гас преку Украина на влезната точка Сограновка паднале на нула, покажуваат податоците од средата на украинскиот оператор со гасоводот, по најавата на Киев дека ќе го затвори тој правец за снабдување.

Украина во вторникот соопшти дека ќе го запре протокот на гасот низ таа танзитна точка преку којашто добавуваше речиси третина на гасот од Русија во Европа преку Украина, обвинувајќи на Моска за тоа и најавувајќи дека ќе ги премесит тековите на гасот „на некое друго место“.

Гасоводот преку јазолот Сограновка минува низ прорускиот источен украински регион Луганск, кој од вторникот е целосно под контрола на проруските сили во неговите административни граници од пред превратот во Киев во март 2014 година.

Украинскиот оператор со гасоводот ГТСОУ најави дека од средата ќе го запре испораките на енергенсот преку оваа рута, повикувајќи се на „виша сила“, клаузула на којашто, како што тврди, компанијата може да се повика кога е погодена од нешто што е надвор од нејзина контрола.

Меѓутоа, руската државна гасна компанија „Газпром“, порача дека технолок е невозможно сите количества гаса да се префрлат на друга точка на интерконекција позападно, како што предлага Украина.

Податоците од украинската страна покажуваат дека барањата за транзит на рускиот гас во Европа преку Украина на западната влезна точка Суџа во среаа изнесувале речиси 72 милиони кубни метри гас.