Парагвајскиот специјален обвинител убиен на меден месец во Колумбија

Парагвајскиот обвинител за борба против наркокартелите Марсело Печи е убиен во вторникот додека бил на меден месецо на колумбиски карипски остров, а напаѓачите побегнале со чамец, соопштија полицијата и неговата вдовица.

Парагвајските власти го осудија злосторството како „кукавичко убиство“, а колегата обвинитеизјави дека убиството „потсетува на мафијата“, пренесува BBC.

Четириесет ипетгодишниот Печи е убиен со два истрале додека се опуштал на плаќа на идиличниот туристички остров Бару, според изјавата на неговата сопруга, парагвајската новинарка Клаудија Агилера. Двојката се венчала на 30-ти април во блискиот град Картахена.

„Двајца мажи го нападнаа Марсело. Дојдоа од морето со мал чамец или на џет-ски, навистина не видов добро“, изјавила Агилера за весникот El Tiempo.

„Еден од напаѓачите пријде и без зборови стрелаше во Месело двапат, еден куршум го погоди во лицетот, а вториот во грбот“, опишува Агилера.

Агилера, која е бремена, додала дека нејзиниот сопруг со кого е вро брак помалку од две седмици, не добивал никакви закани.

Хотелот „Decameron“, во кој отседнала двојката, во соопштението наведе дека „атентаторите дошле на плажата… и нападнале и убиле еден од нашите гости“.

Мотивот за ова убиство засега е непозната, но парагвајскиот обвинител Аугусто Салас, колега на Пучи, изјави дека нападот е „типичен за (нарко)мафијата, и така ќе мислам сѐ додека не се докаже спротивното“.

Началникот на колумбиската полиција Хорхе Луис Варас изјави дека на Бари се испратени петмина иследници и дека ќе добијат поддршка од парагвајски и американски стручњаци.

Колумбискиот претседател Иван Дуке го осуди убиството на парагвајски специјален обвинител преку објава на Twitter и на својот парагвајски колега по должност Марио Абдо Бенитез му изразил сочувство и му ветил „соработка во пронаоѓањето на одговорните“.

Парагвајската државна обвинителка Сандра Квињонез во својата изјава иста дека Печи добил „важни пресуди“ во својота11-годишна борба против прекуграничниот криминал и наркокартелите.