ОВЕН
Во прв план се финансиските прашања, бидејќи изостанаа резултатите на коишто безрезервно сметавте. Ова е вовед во периодот на стагнација, па за вас е подобро правовремено да се подготвите. Трпението и упорноста не ви се најсилната страна, а денеска ви се многу неопходни.
БИК
Помалиот прилив пари не е доволен да ги покриете трошоците. Се потпирате на партнерот, наместо да ги засукате ракавите и излезот да го обезбедите со сопствени сили. Дајте им шанса на пријателите, еден од нив може да ви предложи одлично решение коешто вие самите не го гледате.
БЛИЗНАЦИ
Пред да се обидете да ги менувате другите луѓе, тргнете од себеси. Недоразбирањата решавајте ги така што ќе се обидете да бидете љубезни кон ситге коишто имаат некакви барања од вас. Заборавате дека удоволувањето на пошироката околина никога не е благодарно.
РАК
Ве измачуваат финансиите. Од сите страни ви испорачуваат сметки, па дири бараат од вас и пари на заем, кои вие ги немате. Немате трпение за туѓите проблеми, бидејќи не сте сигурни ниту како да ги решите соптвените. Не бидете престроги кон луѓето, ќе дојде денот кога и вам нешто ќе ви затреба.
ЛАВ
Не дозволувајте лошото расположение да ве изолира од опкружувањето во коеште сте ценети. Вашата креативност не затаила, станува збор за кусотрајна заситеност. Наскоро ќе ви се укаже можност да преземете водство во деден значаен деловен потфат.
ДЕВИЦА
Денот е одбележан со непријатности на коишто ќе ве изложат службени лица, без оглед на тоа дали сте или не виновни. Бидете претпазливи, сѐ што ќе правите да биде чесно. Секој обид за манипулирање од ваша страна ќе биде сенационирано со парична казна.
ВАГА
Извесни се ненадејни трошоци. Сепак, не се нервирајте бидејќи ќе успеете да ја стабилизирате ситуацијата. Поддршката побарајте ја од пријателите. Избегнете средба со партнерот, бидејќи една безопасна несмасна реченица може да предизвика сериозна кавга.
ШКОРПИЈА
Непријатни вести може цеолсно да ви ја поматат концентрацијата. Вашате потполна посветенсот на одредена тема може овие денови многу да ве чини, доколку дозволите да ви се поткраднат важни детали поврзани со работата која секојдневно ја извршувате.
СТРЕЛЕЦ
Потребна ви е промена, но немате идеја ја спроведете самите, а суетата не ви дозволува тоа да му го препуштите на партнерот. Прифаетете го повикот и препуштете се на слаткото уживање. Негативното расположение ќе попушти и ситуацијата ќе се среди.
ЈАРЕЦ
За вас секоја активност, всушност, е работа. Со радост прифаќате организација на прослава на којашто главно ќе присуствуваат луѓе со коишто деловно сте поврзани. Доколку не се опуштите навреме, вашиот перфекционизам може да прерасне во агонија.
ВОДОЛИЈА
Како на љубовен, така и на деловен план, пред вас е ден исполнет со ризични ситуации. Тоа бара од вас доста енергија, којашто и инаку во недостига. Разговорите коишто ќе ги водите со одредени лциа нема да дадат големи резултати.
РИБИ
Избрзувате па поради тоа не е добар момент за какви и да се конечни решенија, особено доколку се однесуваат на семејните, брачните или љубовните односи. Покрај тоа, вардете се од измамници, особено доколку имате некакви ангажмани со купопродажба на недвижнини.