
Нацрт-одлуката ка американскиот Врховен суд за абортусот, која протече во јавноста претходно во мај, би можело да значи дека овој суд по правото на абороту ќе трегне и на истополовите браковои, правото на контрацепцијата и другите права, изјави во средата американскиот претседател Џо Бајден.
„Запамете ги моите зборови: тие ќе тргнат на (….) одлуката на Врховниот суд за правото на еднородовите бракови“, изјави Бајден во обраќањето на собир на политички донатори во Чикаго, додавајќи дека контрацепцијата, исто така, е „на удар“.
„Тие одлуки ќе бидат достапни на сите и ќе предизвикаат дополнителни поделби во Соединетите држава… Ќе се караме околку рабноти околу коишто не би требало да се караме“, додаде американскиот претседател.
Откако на почетокот од мај во јавноста протече нацртот од мнозинското мислење на судскиот совет кој сугерира дека Врховниот суд наскоро би можел да ја поништи пресудата „Роу против Вејд“ од 1973 година со којашто е легализиран абортусот во целата земја, Бајден минатата седмица апелираше на избирачите да го запштитат правото на абортус со гласање на изборите во ноември за кандидати кои тоа право го поддржуваат, во услови кога неговата Демократска партија лошо стои во анкетите и би можело да ја загуби контролата врз двата дома на Конгресот.