Финска мора да поднесе барање за членство во НАТО „без одложување“

Финска мира да поднесе барање за членство во НАТО „без одложување“, објави во четвртокот финскиот претседател Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин во заедничката изјава, што претставува голем пресврт во политиката на воена неитралност на земјата, а за што беше искористена руската воена интервенција во Украина.

Финска, којашто со Русија има 1.300 километри долга граница и долга историја на судири, практично со децении имаше тесна воена соработка но одбиваше да му пристапи на НАТО што би значело и распоредување странски сили на нејзина територија но истовремено и станување цел на руските воени капацитети.

До руската воена операција во Украина, Финска се воздржувапо од придружувањето и одржуваше приајтелски односи со Русија соработувајќи особено во енергетската сфера. Но по 24-ти февраури започна кампањата и поддршката од Западот за дотогаш слабо изразените тенденции за придружување на оваа нордиска земја во НАТО:

„Финска мора без одложување да поднесе барање за членство во НАТО. Членството во НАТО би ја зајакнало безбедноста на Финска, Како членка на НАТО, Финска би го зајакнала целиот одбранен сојуз“, истакнуваат Ниинисто и Марин во заедничката изјава што насочува на предвидени нови активности на Алијансата на самата руска граница.

„Се надеваме дејка националните чекори кои уште се потребни за носењето на оваа одлука ќе бидат преземени брзи во следните неколку денови“, додаваат финските челници за одлуката којашто според најавите ќе се носи во парламентот а не со национален плебисцит.

Според истражувањата на јавното мнение пласирани во финските медиуми по почетокот на руско-украинската војна, ставот на Финците за НАТО брзо се променил. Така јавната поддршка за придружувањето на НАТО рекордно пораснала во последните месеци, а последната анкета на државната телевизија YLE покажува дека 76 отсто од Финците го поддржуваат членството во НАТО а само 12 отсто се против. Поддршката за членство во НАТО со години се движеше околу 25 отсто пред војната во Украина, но сега некои Финци сметаат дека се загрозени, а некои дека следи распад и распределба на Русија.

Иако на Западот инсистираат дека Финска водела војна со Русија, всушност станува збор за двете војни во 1939 и 1944 со тогашниот Советски сојуз воден од Грузиецот Јосиф Висарионович Џугашвили Сталин. Финска пружила силен отпор но изгубила 10 отсто од својата претходна територија на која СССР полагал суверенитет според мировниот договор.

Брзото свртување на Финците кон НАТО, се очекува да предизвика сличен ефект и во соседна Шведска. Тамошните власти најавија дека остовремено со Хелсинки ќе го поднесат барањато за членство, но засега не е познато како ќе тече процесот.

Сојузниците во НАТО очекуваат Финска и Шведска да го поднесат барањето за придружување следните денови и брзи да биде одобрено членството, но некои сметаат дека тој процес може да потрае и една година.

Русија предупреди дека доколку двете земји стана членки на НАТО ќе биде присилена поради својата безбедност на самите граници со Шведска и Финска, како и во балтичката енклава Калининград да ги распореди стретешките ракетни капацитети.