Најголемата светска поштенска служба Ју-Пи-Ес базирана во Атланта, била цел на кибернапад.
Раководството соопшти синоќа дека можеби се украдени податоци за 100 илјади испораки.
Според нивни податоци, во нападот можно е да биде украдени информации за банкарски картички и електронска пошта на клиенти на компанијата кои користеле нејзини услуги од 20 јануари до 11 август оваа година.
Хакерите упаднале во компјутери во 51 испостава на Ју-Пи-Ес во 24 американски држави. За опасност од кибернапад Ју-Пи-Ес била алармирана од Министерството за национална безбедност на САД.