
Силвестер Сталоне не загинал при незгода во сноубординг или во сообраќајна несреќа, но корисниците на социјалните мрежи шират линк со што го тврдат спротивното.
Преку шаблон- статии на веб страницата на „Глобал Асошиетед њуз“ се шират измами со кои се генерира лажна смрт на познати личности.
На дното на секоја веб-страница, пишува „Лага … Оваа приказна е 100% лажна! Ова е забавен веб-сајт, и се работи за сосема лажни статии, базирани на нула вистина. Оваа приказна беше динамички генерирана со користење на генеричка „шема“ и не е вистинита.
Секое совпаѓање со одредени личности е 100 отсто фабрикувано од посетители на веб- страницата, кои создаваат лажни приказни со венсување на име во празна „не специфична” шема, со единствена цел- забава.
Во вистинската вест, Сталоне очигледно сака да снима петто продолжение на филмот „Рамбо“.