Левандовски се збогува со Баерн со гол

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски постигна гол за Баерн Минхен во мечот против Волфсбург (2-2) во последното коло од Бундеслигата, а тоа воедно му беше 50. гол во сите натпреварувања оваа сезона.

А по натпреварот полската гол-машина на германските новинари им призна дека сака да си замине од Минхен и за неговата желба го известил раководството на шампионот.

„Најверојатно го одиграв мојот последен меч за Баерн Минхен. Зборував со Салихамиџиќ и му кажав дека не сакам да го продолжам договорот со Баерн. Двете страни треба да размислат за иднината и да донесат најдобра одлука“, вели Левандовски.

Баерн Минхен најверојатно ќе се согласи да го продаде Левандовски, но за негов трансфер ќе бара меѓу 30 и 40 милиони евра.