
Украинскиот бенд “Kalush Orchestra” се врати дома во Украина по победата на годинешната Евровизија во Торино, Италија.
Членови на украинскиот бенд „Калуш орчетсра“(“Kalush Orchestra” ) вчера ја преминаа полско-украинската граница во Краковец во Лавовската област.
Таму се сретнале со обожаватели и украински војници кои сакале да се фотографираат со нив.
Победниците на Евровизија беа пречекани со сино-жолти цветови и со украинско знаме. Членовите на бендот застанаа на полската граница и на задоволство на сите присутни ја отпеаја својата песна „Стефанија“.