
Украинската противвоздушна одбрана објави во вторникот дека руски крстосувачки проектил лансиран од море во текот на ноќта погодил инфрастуктурни цели крај западниот града Л’вов, а Русија објави дека во тој напад била уништена пратка со американско и европско оружје за украинската армија.
Украинската војска, исто така, објави дека противвоздушната одбрана соборила три руски проектила. Според регионалниот гувернер, погодена е железничката инфраструктура. Русија ги напаѓа сообраќајните јазли и складиштата за горива во околината на Л’вов во напорите да го запре испорачувањето западно оружје за Киев.
Руското министерство за одбрана потврди во вторникот дека руските ракетни сили нападнале магацини со западно оружје и воена опрема, што според Москва било подготвено да биде упатено кон проруската источна област Донбас, каде што се очекува следните денови да започне голема битка.
„Ракетите ‘Калибр’ со голема прецизност од долг дострел лансирани од море во областа на железничката станица Старичи во Лавовската област уништија жива сила на украинските резервни формации, како и оружје и воена опрема од САД и европски земји“, изјави на редовниот брифинг во Москва, портпаролот генерал-мајорот Игор Конашенков.
Истовремено, со ист вид проектили лансирани од воздух и копно биле уништени единици на резервниот состав на украинските сили обучувани во базите во Суми и Чернигов, додаде