
Русија донела официјална одлука да се повлече од Советот на државите на Балтичкото Море (CBSS), објави во вторникот министерството за надворешни работи во Москва.
„Како одговор на непријателските дејствија, минитерот за надворешни работи (…) Сергеј Лавров, испрати порака до министери на земјите членки на СДБМ, високиот преставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност (Жозеп Борел), како и до секретаријатот на Советот во Стокхолм, со извесување за повлекување од организацијата. Истоврмено Федералното собрание (…) одлуки да се повлече од Парламентатната конференција на Балтичкото Море“, се вели во соопштението.
Руската дипломатија истакнува во објавата дека оваа одлука нема да влијае врз присутноста на Русија во посочениот регион.
„Обидите нашата земја да биде истисната од Балтикот се осудени на неуспех“, порачаа од Москва и уверуруваат дека Русија ќе продолжи да работи со „одговорните партнери“ за „заедничкото наследство и за заштите на интересите на сонародниците“.
Актуелната состојба во Балтичкиот совет, во заднината на руската, како што Москва официјално ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина, „паѓа на совеста на оние коишто ги уништија темелите на оваа организација“.
Советот на државите на Балтичкото Море (CBSS) е меѓународна организација основана на 5 и 6 март 1992 година, во Копенхаген, на конференцијата на министрите за надворешни работи на земјите од Балтичкото Море. Првично, во Советот беа вклучени Германија, Данска, Латвија, Литванија, Норвешка, Полска, Русија, Финска, Шведска, Естонија, како и Европската комисија. Исланд се приклучи на организацијата во 1995 година. Голем број држави (Велика Британија, Шпанија, Италија, Холандија, Романија, Словачка, САД, Украина и Франција) имаат статус на набљудувачи во CBSS. Апликација за полноправно членство поднесе Франција. На 4-ти март годинава поради војната во Украина, беше суспендирано членството на Русија во Советот, како и на Белорусија која имаше статус на набљудувач.
„Ситауцијата во Советот се деградира. Државите од НАТО и ЕУ во рамките на Советот го напуштија рамноправниот дијалог и приципите врз кои е создадена оваа организација и постојано ја претвораат во иснтрумент за анти-руска политика“, се вели во објавата на Москва.
„Со нарушување на правилот за консензус се носат незаконски и дискриминаторски одлуки“, се додава во соопшетнието во кое се потсетува дека Русија е ‘суспендирана’ од работата и проектите на Советот, а Белорусија како земја набљудувач.
Руското министерство за надворешни работи, исто така, истакнува дека западните земји го „монополизираа Советот за своите опуртунистички цели“, а шансите за враќање во нормалното функционирање на организацијата „сѐ повеќе се заглавени во русофобија и лаги“.
„Поради тоа, сметаме дека натамошното присуство на нашата земја во Советот е нецелисходно и контрапродуктивно. Русија нема да учествува во претворањето на организацијата во поинаква плафорза за поткопувачки активности и западното самозадоволство“, порача Москва.