
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на партијата, денеска остварија средба со Мајк Зафировски, ко-основачот на „Македонија 2025“, и високи претставници на оваа организација.
На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтегративните процеси на државата.
Тој додаде дека се потребни коренити промени, информирајќи дека Владата е неспособна да се справи со предизвиците со кои се соочува Македонија и граѓаните, и токму поради тоа ВМРО-ДПМНЕ презема активни чекори за промена се со цел обезбедување на подобра иднина за сите граѓани и создавање можности и капацитети за економски раст на државата.
Мицкоски изрази голема благодарност и ја поздрави долгогодишната активна заложби на „Македонија 2025“ во помошта државата да стане успешна, со квалитетни и стручни кадри. Ја истакна и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за нивните постојани иницијативи, особено во делот на дигитализацијата, стипендирањето на успешни млади студенти и професионалци од Македонија, како и програмите кои ги организираат.