ОВЕН
Ситауцијата на работното место се менува но вие останувате настрана. За вас тоа е „петлето“ да ве обземат стравови и преиспитувања да не сте згрешиле нешто некому. Не грижете се, тоа што никој не ве вика не е лош знак, напротив. За вас е добро што моментално никому не пречите.
БИК
Не ги прифаќате туѓите мислења, дури ни по цена вашите ставови да ве одведат во големи проблеми. Во текот на попладнето до вас ќе стаса важна вест којашто значително може да влијае на исходот на вашите деловни планови. Совладајте ја сопствената суета, прифатете ги советите на соработниците.
БЛИЗНАЦИ
Обврските од вас бараат концентрација и целосен ментален ангажман. Ве фрустрира судирот меѓу должноста кон другите и потребата да си угодите себеси. Доколку пронајдете задоволство во работата, ќе се ослободите од грчот и непријатното чувство дека сте искористени.
РАК
Принудени сте со часови да минувате си луѓе коишто не ви го укажуваат почитувањето што вие мислите дека го заслужувате. Нивното игнорирање не е злонамерно, станува збор за личности чиишто интереси немаат допир со вашите, па затоа не сте им интересни ниту да ве проценуваат.
ЛАВ
Имате мноштво идеи, поседувате сестраност и имагинатовност, па големи се шансите тоа добро и да го материјализирате. Меѓутоа, за да остварите некои повисоки цели ќе мора да жртвувате нешто, а тоа најверојатно е нешто што е поврзано со вашиот приватен и љубовен живот.
ДЕВИЦА
Во можност сте да ги интензивирате залагањата на проекти коишто долго се обидувате да ги завршите. Тоа подразбира дека извесно време ќе мора да извршувате две одвоени но подеднакво важни работи. Малку труд, на долги патеки, носи успех.
ВАГА
Не ви е јасно како успеавте да ја испуштите понудата којашто неодамна ви побегна. На таа тема ве очекува разговор во кој нема да се чувствувате пријатно. Доколку подготвено ја поднесете критиката и понудите логично оправдување, шансата сѐ уште не е целосно загубена.
ШКОРПИЈА
Барате начини како да ги оправдате причините поради коишто се наоѓате сѐ уште на местото од коешто многумина ваши соработници одамни си заминаа. Трудот ќе биде награден, но поради претераната желба нешто да истерате докрај, резултатот на крајот ви станува неважен.
СТРЕЛЕЦ
Денеска кон сите сте слаткоречиви. Вашето добро расположение, всушност, е маска за чувството на несигурност што ве обзема. Потсвесно сакате со своите добронамерни коментари другите да ги натерате да ви возвратат исто. Ќе се разочарате.
ЈАРЕЦ
Лошите односи во вашата работна средина стануваат неподносливи, па не ви преостанува ништо друго, туку да размислувате за заминување. Ситуацијата не е поволна и свесте сте дека со заминувањето би ја закомплицирале веќе незавидната финансиска ситуација.
ВОДОЛИЈА
Можни се проблеми во љубовните односи. Во минатото славевте мала победа со којашто на партнерот му го покажавте местото. Денска тоа ќе треба да се наплати, а вашиот авторитет може да биде разнишан доколку своето его не го зауздате навремено.
РИБИ
Претераната фантазија може да ве стави во искушение да поверувате во брза парична добивка. Во тоа може да ве турне разговор со лице коешто е во странство, а коешто според темпераментот е многу слично на вас. Не занесувајте се со илузии, држете се до реалноста.