Преку ревијална програма на краткометражнми и долгометражни играни документарни и анимирани филмови, како и филмски журнали, во периодот од мај до декември, ќе се одбележува 75 години постоење и дејствување на продуцентската куќа „Вардар филм“.
На денешната прес-конференција во НУФЦ „Вардар филм – Скопје“ по повод одбележувањето на 75-годишнио јубилеј, директорот ја презентира програмата со неколку активности кои ќе се реализираат во текот на оваа јубилејна година, која е планирано да кулминира со голема свечена манифестација со премиерно прикажување на долгометражниот документарен филм посветен на „Вардар Филм“.
– Опусот е разновиден и вбројува краткометражнми и долгометражни играни документарни и анимирани филмови како и филмски журнали, на публиката и се познати овие филмски дела бидејќи се работи за најзначајните и наградувани филмски дела од ризницата на вардар филм од периодот 1952 до 1997 година кои всушност ја претставуваат македонската кинематографија од тој период, изјави директорот на Националната установа, Сани Саиди.
Тој истакна дека преку ревијалната програма ќе биде презентиран дел од историјата на филмот на овие простори.
На прес-конференцијата беше соопштено дека програмата е предвидена да се одвива од мај до декември еднаш неделно односно секој петок со почеток од 20 часот во салата за проекции при НУФЦ „Вардар филм – Скопје“, со пауза за време на летните одмори во јули и август.
Проекциите ќе бидат бесплатни и ќе се одвиваат со претходни резервации поради ограничениот број на седиште.
Саиди изрази особено задоволство што салата за проекции која како што рече била надвор од функција повеќе од 20 години, сега веќе е комплетно реновирана и опремена со комплетна техника и може да одговори на потребите на филмската фела.
– Воедно би сакал да напоменам дека овој петок со првата проекција салата за првпат ќе биде отворена и пуштена во употреба, во склоп на програмата во септември „Вардар филм“ ќе ги отвори вратите и ќе реализира отворена недела се со цел секој граѓанин и филмски љубител да може одблиску да се запознае со тековните активности на установата, но и со нејзината богата исоторија, подвлече тој.
На конференцијата беше најавен документарниот филм кој моментално е во подготовка токму за јубилјот. Докуемнтарецот, кој е поддржан од Агенција за филм, е во режија на Владимир Блажевски, во продукција на „Galaktika pictures“, со продуцент Бунјамин Кртиши, а директор на фотографијата е Дуле Кардале.
Одбележувањето на 75-годишнината ќе биде со голема манифестација во октомври оваа година каде премиерно ќе биде прикажан документарниот филм.
Продуцентот Бунјами Куртиши изрази задоволство за соработката со Владимир Блажески и „Вардар филм“, потенцирајќи дека документарецот се наоѓаат во фаза на реализација.
– За мене во мојата кариера ова ќе биде еден од најдобрите и најзначајните проекти затоа што една продукциска куќа како „Вардар филм“ да бидеш само дел од било кој сектор е задоволство. Ние што работиме во филмската дејност немаме потреба да зборуваме теренот и работата зборуваат за нас, јас сум од најмладите тука во овој тим и се надевам ќе направиме една добра работа, и ќе тераме напред вака како што е исцртано, со успеси, изјави Куртиши.
Директорот информира дека воедно се посветени на продлабочување на сорабатката со сродните институции, рече дека кон крајот на овој месец и почетокот на следниот треба да посетат фестивал во Словенија со цел размена на искуства и знаења, а средбата ќе биде крунисана со потпишување на Меморандум за соработка.