Во Осиек ќе се гради нова џамија, која ќе биде четврта по ред во земјава.
Претставникот на исламската заедница во Осиек, Енвер Речица изјави дека сега претстои најтешкиот дел од работата, а тоа е собирање средства за изградбата, за што се потребни околу три милиони евра.
Ако се обезбедат финансии, изградбата може да започне уште следната година.