Со удари со високопрецизни крстосувачки проектили во Житомирската област, западно од Киев, е уништена голема пратка оружје од САД и европски земји за Украина, објави во саботата руското министерство за одбрана.
„Со ракети ‘Калибр’ со долг дострел со висока прецизност истрелани од море во областа на железничкопатната станица Малин во Житомирската обласа уништена е голема пратка оружје и воена опрема доставени од САД и европски земји за групаците на укреинските војски во Донбас“, рече на редовниот брифинг во министерството за одбрана, портпаролот генерал-мајорот Игор Конашенков.
Додаде дека, исто така, од воздух било ракетирано и големо складиште за горива крај Одеса, коешто според руското министерство, било наменето за борбените возила на укранските паравоени формации составени од ултрарадикални националнисти.
Конашенков во продолжение наброи дека во изминатото деноноќие се уништени 77 командни локации на украинската војска, 602 локации со жива сила, вклучтелно и камп за обука на специјалните украински сили заедно со живата сила која се наоѓала крај езерото Сасик во близина на Одеса. Додаде и дека се уништени и неколку украински ракетни системи и артилериски позиции во Харковската област.
„Вкупно во воздушните напади се уништени над 270 националисти и вон употреба се ставени 52 единици воена опрема“, рече Конашенков.
Додаде дека противвиздушната одбрана соборула и два украински борбени авиони „Су-25“, еден во Доњецката областа, а вториот во Херсонската областа. Покрај тоа, додаде портпаролот, биле соборени уште 14 беспилотни летала и осум проектили од сисемите „Смерч’.