Тајван е неоттуѓив дел од кинеската територија, Кина ќе преземе силна акција за заштита на својот суверенитет и безбедносни интереси и ги повикува САД да бидат внимателни во своите изјави и дејствија во однос на тајванското прашање, изјави портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, на редовниот брифинг коментирајќи ја изјавата на американскиот претседател Џо Бајден за подготвеноста воено да интевенира во одбрана на Тајван.
„Соединежните држави се подготвени воено да го заштитат Тајван, доколкуисе појави таква потреба…. Да, тоа е обврска што ја преземавме“, рече Бајден на заедничката прес-конференција во Токио со јапонскиот премиер Фумио Кишида.
Бајден потсети дека САД се согласни со политиката на „една Кина“, но нагласи дека самата идеја за насилна промена на статусот на острвот е целосно неприфатлива.
„Тоа ќе стане уште едно дејствије слично на она што се случи во Украина“, додаде американскиот претседател истакнувајќи дека таквата ситуација ќе го дестабилизира целиот регион.
На прес-конференцијата Кишида, пак, истакна дека Јапонија ќе продолжи да ги развива своите одбранбени капацитети, имајќи ја предвид и ситуацијата околу Тајван, а двајцата челници повикаа на „мирно решавање на конфликтите во регионот“ и ја истакнаа „недозволивоста од насилни промени на воспоставениот светски поредок“.
„Ги повикуваме САД исркено да се придржуваат до принципот ‘една Кина“ и трите кинеско-американски коминикеа, да ги почитуваат своите обврски да не ја поддржуваат незавнисноста на Тајван, да бидат претпазливи во своите изјави и постапки по тајванското прашања и да не им испраќаат погрешни сигнали на сепаратистичките сили на Тајван“, возврати набрзо портпаролот на кинеската дипломатија.
Ванг Венбин притоа нагласи дека Тајван е неоттуѓив дел од кинеската територија, како и дека Пекинг ќе преземе „силна акција за заштита на својот суверенитет и безбедносни интереси“.
„Кина изразува силно незадоволство и силен протест на изјавите на САД“, рече Венг.
Порача дека Кина „нема да толерира мешање во нејзините внатрешни работи“, како и дека „не треба да се потценува цврстата решителност на пололебливата волја на кинескиот народ во заштитата на државниот суверенитет и територијален интегритет“.