Рускиот војник обвинет за воено злосторство осуден во Киев на доживотен затвор

Украинскиот суд го осуди во понеделниот рускиот војник на доживотен затовор обвинет за наводно убиство на невооружен цивил, во првото судење за воени злосторства од почетокот на руско-украинската војна, а од Москва се најавуваат слични процеси.

Вадим Шишимарин, 21-годишен командант на тенк, признал вина и признал дека го убил 62-годишниот Александар Шелипов во североисточното украинско село Чупагивка на 28-ми февруар откако му било наредно да го застрела.

Судијата Сергеј Агатонов изјави дека Шишимарин извршувајќи „криминална наредба“ од војник со повисок чин, истрелал неколку куршуми од автоматско оружјке во главата на жртвата.

Шишимарин, облечен во сина и сива тренерка со качулка, тивко ја следел судската постапка зад блиндирано стакло и не покажувал емоции кога му е прочитана пресудата, пренесува Reuters.

Киев му даде голема помпезност на ова судење и го промовира во обвинувањата против Русија за наводни 10.000 можни воени злосторства со „ѕверства и бруталност“ кон цивили.

Од Москва засега нема реакции на пресудата, но претходно рекоа дека немањето дипломатска мисија во Украина ги ограничува способностите на Русија да му пружи правна помош на обвинетиот.

Русија од почетокот на својата воена операција објави дека нејзина цел не се цивилите и ги обвинува Украина и Западот за конструкциите за наводни воени злостроства.

Истовремено од одметнатата доминантно руска обалст Доњецк во понеделникот изјавија дека подготуваат документи и сведоштва за воени злосторства кои ги извршиле укранските борци заробени во фабриката „Азосвстал“ во текот на осумгодишното контролирање на јужниот пристанишен град Мариупол.

„Што се однесува до заробениците, со нив се изведуваат соодветни дејствија од соодветните структури. Кога станува збор за стренските платеници и странцитр, информациите ќе бидат подоцна објавени“, изјавил еден од челниците на самопрогласената Доњецка Народна Република, Денис Пушилин за телевизијата Россия 24.

Додаде дека тие ќе останат затворени на територијата на Доњецк и оти натаму се планира создвање „меѓународен трибунал“ за случаите на воени злосторства кон проруското и рускојазично население, како и за држањето на цивилите против нивна волја како „жив штит“ од руските напади.