Јас сум исклучително против на вмешување на семејствата во политички пресметки, но во овој случај, за жал, непромислено, семејството си го вмешал самиот Ковачевски, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук поранешниот амбасадор во Рим Оливер Шамбевски
Епа, треба да се каже дека ова е сериозна злоупотреба на позицијата, а и несериозно преставување на државата. Без разлика што тој лично мисли, сепак ќерка му не е принцеза во оваа држава па да има протоколарна улога. Додуша да… има уште еден ваков случај на злоупотреба (на сликата подолу) и тој воопшто не е ласкав за споредба, но е илустративен за многу состојби во државава.
Ај… барем се прошетаа… ќе има со што да се фалат и да раскажуваат на училиште…, пишува Шамбевски во својата објва.