Ковачки: Џафери ги понижи вработените во Собранието, а Ковачевски молчи за да не му падне Владата

Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а премиерот Ковачевски молчи за да не му падне Владата, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери во период од неколку дена направи два тешки скандала, посочи Ковачки. Прво, беше фатен во живо на собранискиот канал како се заканува, пцуе и врши мобинг на вработените во Собранието. Второ, се обиде да сокрие дека се сретнал со чеченски претставник и поранешен член на руската Дума, за тоа не ја извести јавноста и релативизираше.

„Џафери мора да поднесе одговорност за неговиот дивјачки однос во Собранието. Ковачевски не смее да премолчува на овој примитивизам само затоа што сака да остане на власт. Со релативизирањето на односот на Џафери во Собранието се создаваат опасни преседани кои упатуваат порака дека системот не се грижи за вработените и воопшто луѓето, нивниот интегритет и чест. Со молкот Ковачевски ги понижува вработените во Собранието многу повеќе од Талат Џафери и испраќа порака дека на Џафери се му е дозволено, вклучително и да малтретира и понижува луѓе, затоа што од него зависи владата“, вели Ковачки.

Според него, во однос на приемот на чеченската делегација, среќавајќи се со лица кои се безбедносно опасни за тоа да ги извести надлежните, Џафери на виделина ја исфрли безбедносната незрелост. „Се поставува прашањето дали македонските служби биле информирани за оваа средба на Џафери и дали Џафери ги брифирал за разговорот што се водел? И овој случај е премолчен од Ковачевски, затоа што истиот е заробен човек, кој живее во страв да не му падне Владата, зошто на избори не може да добие поддршка од народот. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Ковачевски да се охрабри и да организираме предвремени парламентарни избори, рече Ковачки.