Зошто се крие за пукањето меѓу двајца полициски функционери?

Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата, повикувајќи се на информации објавени во медиумите, наведува дека Ариф, заменик директор на Бирото за јавна безбедност, придружуван од уште едно лице по меѓусебна расправија со началникот на ЕБР Чаир, Едмонд Миртезани, се пресметале со пукање од огнено оружје.

„Зошто случајот и три дена откако се случил сѐ уште не е расчистен. И зошто не се преземени мерки за суспендирање на заменик директорот на БЈБ? Дали Спасовски и Ковачевски се плашат од ДУИ и само за да не излезат од влада, се спремни да премолчат секаков криминал и скандал? Спасовски исто како и Ковачевски е заробеник на ДУИ и желбата за власт“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое се додава дека се потребни предвремени парламентарни избори час поскоро.