Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ на прес конференција информираше околу денешниот состанок на комисијата.
Тој вели дека се разговарало за две теми, односно за ковид-19 и евентуалната епидемија од мајмунски сипаници.
„Согласно податоците кои што ги имаме од Институтот за јавно здравје состојбата е стабилна, има намалување на неделната инциденца. Сметаме дека во насока на тоа како се во моментот предвидени мерките за заштита, дека нема потреба од дополнителни интервенции кои што би требало да направат одредени измени во начинот со кој се контролира трансмисијата на вирусот“, вели Мехмедовиќ.