
Малолетник го загуби животот во сообраќајна несреќа која вчера во 14.45 часот се случила на автопат Скопје – Велес, пред наплатна станица Сопот.
Како што информираат од полицијата автомобил „рено клио“ со неготински регистарски ознаки, управуван од Д.В.(38) од Неготино, излетал од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и малолетен сопатник (дете) и биле пренесени во Општа болница Велес, каде од лекар била констатирана смрт кај малолетникот. Исто така, со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката В.В.(28) од Неготино, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, велат од МВР.
Увид на местото извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото било предадено на обдукција.