
Министрите за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров и Германија, Френк Волтер Штајнмаер разговарале за чекорите кои се неопходни за воспоставување на трајно примирје и движење на националниот дијалог во Украина, објавува руското Министерство за надворешни работи.
Двајцата министри разговарале и за заедничките чекори кои треба да се преземат за да се постигне траен мир во Украина.
Лавров и Штајнмаер во телефонскиот разговор ги разгледувале и мерките кои треба да се преземат за што побрзо да се тргнат пререките за понимување на рускиот хуманитарен конвој кој носи помош за жителите на истокот на Украина.