
Во четвртокот вечерта во Инџија, гратче во српската северна покраина Војводина, се случил вооружен инцидент во кој била фрлена и бомба, а снимката од надзорните камери прикажува како се одвивала ситуацијата.
На почетокот од снимката се гледа како гости седат во мирна атмосфера на терасата од едно локално кафуле. Потоа се забележува како едно лице вооружено со пиштол тргнува кон маса на која седат двајца гости, пука а потоа по неуспешниот напад бега, а нападнатите го бркаат.
Двајцата гости се враќаат во локалот, но напаѓачот, исто така, повторно доаѓа овојпат со рачна бомба којашто ја фрла а експлозијата е снимена од надзорната камера.
Во описот на видеото поставено на Instagram страницата Moj Beograd се наведува дека извесен Драган К. е тешко повреден кога Зоран Р. Ја фрлил рачната бомба, а оти претходно во ранетиот било пукано од пиштол, но напаѓачот од непосредна близина промашил.
Според локалните медиуми, ранетиот со повреди на вратот сам се пријавил во болница, а по напаѓачот се трага. Нема информации за мотивите за инцидентот
View this post on Instagram