
Две лица се убиени денеска во северниот дел на Косовска Митровица, во напад со ладно оружје, а напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор, изјави за РТС портпаролот на митровичката полиција Бранислав Радовиќ.
Напаѓачот М.Б во семејниот стан прво го нападнал неговиот брат близнак У.Б., а потоа и неговиот татко М.Б.
Од здобиените повреди на лице место починал У.Б., додека во болница починал таткото на М.Б.
Напаѓачот М.Б. е роден 1993 година.
Радовиќ изјави дека нападот се случил утрово во 5.50 часот во семејниот стан.
Полицијата го третира настанот како тешко убиство и очекува истрагата да го открие мотивот за насилството и убиството во ова семејство“, рече Радовиќ.