
Нов модерен хотел во Берлин го привлекува се повеќе вниманието отколку што е планирано, бидејќи сите луѓе кои поминуваат покрај улицата можат да ги видат посетителите кои го користат тоалетот во ресторанот. Наместо ѕид, архитектот поставил проѕирно стакло.
Се претпоставува дека дизајнерот на „25hours Hotel Bikini Berlina“ едноставно заборавил дека не може да го употреби истото стакло со кое го дизајнирал ресторанот и како ѕид за во тоалетот.
Глетката на која налетуваат поминувачите не престанува да ги изненадува, а за возврат тие веднаш виделе прилика и „сликале“ неколку фотографии кои се најдоа на социјалните мрежи.