
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да преговара за извозот на житарките кои во моментов наводно стојат во украинските пристаништа, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по нивниот телефонски разговор.
Во текот на телефонскиот разговор кој траел 45 минути, како што истакна австрискиот канцелар, Путин ја изразил и подготвеноста на руската страна и за размена на заробениците и ветил дека за тоа прашање ќе биде разговарано со украинските претставници.
Путин додал и дека, како и досега, претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе имаат пристап до воените затвореници.
Според Нехамер, Москва покажала флексибилност и за прашањето за надминување на проблемот со извозот на украинските житарки, складирани во црноморските пристаништа.
„Путин сигнализираше дека е подготвен да овозможи извоз преку поморските пристаништа“, рече Нехамер и истакна дека пристаништата за таа цел треба да бидат исчистени од подводните мини кои ги поставија украинските сили.
Путин притоа, како што пренесе Кремљ, истакнал дека Русија не смее да биде обвинувана за проблемите во прехранбените синџири за снабдување.
Нехамер изјави и дека разговарал и со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој планира следните денови да им се обрати на завојуваните страни за повторно да биде покренат преговарачкиот процес.
Австрија се обидува да ги продолжи дијалогот со сите страни инволвирани во украинскиот судир, во согласност со нејзината традиција на „активна неутралност“.