Првиот брод вплови во пристаништето Мариупол

A Russian serviceman stands guarding an area of the Mariupol Sea Port in Mariupol, in territory under the government of the Donetsk People's Republic, eastern Ukraine, Friday, May 27, 2022. (AP Photo)

Првиот брод влезе во пристаништето во јужниот украински град Мариупол, изјави во петокот за руските медиуми претставник на пристаништната администрација.

„Бродот МР-3 од типот Славутич влезе во пристаништето, ќе натовари 2,7 илјади тони метал“, изјави претставник на пристаништето. Според него, бродот ќе го заврши товарењето во недела, а в понеделник ќе замине за Ростов на Дон.

Како што претходно беше соопштено, во пристаништето беше извршено деминирање и отстранети се бродовите поплавени од Вооружените сили на Украина.

Во вторникот беше објавено дека пет странски бродови кои порано беа блокирани во мариуполското пристаниште поради ризиците од гаѓања или подводните мини, веќе испловиле.

Од средата утрото, пак, направен е хуманитарен коридор во насока на Црното Море преку кој безбедно треба да испловат странските бродови од пристаништето во Мариупол. Коридорот ќе се протега 115 со широчина од 2 морски милји, според рускиот Координациски штаб за химанитарно реагирање во Украина. Притоа се наведува дека руската морнарица ги остранила минските опасности од водите во пристаништето и ја обвновува пристанишната инфраструктура.

Агенцијата РИА наведува дека во Мариупол постепено се воспоставува цивилниот живот, дека започнал да функционира јавниот сообраќај и бензинските црпки, како и дека се отворени четири од петте градски болници.