Во текот на петокот припадници на Министерството за внатрешни работи спроведоа засилена акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 138 возачи.
Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.