Градот Лиман во Доњецк целосно под контрола на проруските сепаратисти

Силите на самопрогласената проруска „народна република“ Доњецк со поддршка на единиците на руската војска ја преземаа целосната контрола над источниот украински град Лиман, соопшти во саботата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„Како резултат на заедничките дејствија на единиците на Народната милиција на Доњецката Народна Република и на руските вооружени сили, целосно е ослободен од украинските националисти градот Красни Лиман“, рече Конашенков на редовниот брифинг за новинарите во Москва.

Градот Лиман на истокот на Украина во мнозинско рускојазичната и руска областа Донбас е голем железнички и патен јазол во Крематорската област и има стратешко значење, западно од Северодонецк. Красни Лиман всушност е стариот назив кој датира од советскиот период.

Ден претходно штабот на проруската територијална одбрана во Доњецк објави дека проруските сили успеале да ја преземат Лиман под контрола, откако челникот на сепаратистите Денис Пушилин на 25-ти мај соопшти дека украинските борци своето последно упориште во градот го нашле во локалната болница, криејќи се зад пациентите и цивилите.

Украинските власти во петокот потврдија дека руските сили по неколкудневни борби ја преземале контролата над поголемиот дел од Лиман, но дека украинските сили го запираат напредувањето кон Славјанск, град на половина час оддалеченост кон југозапад.